Насловна / Вести / Федерер предизвика гнев кај швајцарците: Гради луксузна вила и го загади езерото (видео)

Федерер предизвика гнев кај швајцарците: Гради луксузна вила и го загади езерото (видео)

Славниот швајцарски тенисер Роџер Федерер поседува имот со површина од 1,6 хектари на брегот на циришкото езерото и на него започна да гради луксузна вила.

3

Меѓутоа, проектот е стопиран затоа што локалното население на општината Rapperswil-Jona, како и бројни еколошки организации, жестоко се побунија, тврдат дека на прекрасното езеро му се заканува загадување.

1

„Златниот брег“, како што ги нарекуваат бреговите на ова езеро, поради својата привлечност и убавина привлече многу познати и многу богати светски лица кои купија бројни парцели, а многу од нив го приватизираа пристапот до водата.

Ова предизвика револт кај жителите, кои освен што ги вознемируваат орди туристи, како што велат, сега не можат ни да шетаат по крајбрежјето затоа што ги пречекуваат огради и натписи „Приватен имот“.

Организацијата „Akva Viva“ исто така го крена гласот, бидејќи е утврдено дека земјиштето на имотот е загадено со градежен отпад, а во моментов се испитува целото крајбрежје.

За да продолжи со изградбата, Федерер мора да покаже како ќе изгледа крајбрежјето кога ќе биде завршен објектот, а екологистите ќе учествуваат во одобрувањето на корегираниот проект кој  Швајцарецот мора да го достави.

Федерер плати неверојатни 45 милиони евра за ова парче земја и планира да изгради луксузен објект со тениско игралиште.

4

 

Испрати коментар

Scroll To Top