Во време кога енергетската криза им нанесува тешки удари на домаќинствата, компаниите и цели економии, важно е да се одвојат фактите од фикцијата, порачува во својот авторски текст за Financial Times, Фатих Бирол, извршниот директор на Меѓународната агенција за енергија (IEA). Тој истакнал дека често се слушаат три тврдења кои според него се потполно погрешни, и дека претставуваат некој вид на мит.
Мит бр. 1: Русија победува во енергетската битка
Краткорочниот скок на приходите на Русија од извозот на енергија, не може да ја надомести трајната загуба на довербата и пазарот, смета Бирол. Тој додава дека Кремљ си нанесува долгорочна штета прекинувајќи ги сите односи со ЕУ, која е нивниот најголем купувач. Рускиот сектор на нафта и гас ќе има доста потешкотии под санкции. Имено, Бирол смета дека отсуството на странските компании, технологии и даватели ан услуги како резултат на санкциите претставува голем ризик за капацитетот на Русија да експлоатира нафта и гас, а посебно за нејизните проекти за Течен Природен гас (ТПГ).
Мит бр. 2: Денешната криза е криза на чистата енергија
Шефот на IEA истакнува дека креаторите на енергетските политики ширум светот, со кои неодамна разговарал, се жалат што не е тргнато побрзо во изградба на соларни електрани и ветерни паркови, како и во имплементација на мерки за подобрување на енергетската ефикасност. Всушност, повеќе енергија од нискојаглеродни технологии би помогнала во ублажување на кризата, а побрзата транзиција е најдобриот излез, порачал Бирол. Според неговото мислење, кога луѓето ја обвинуваат чистата енергија за кризата, тие сакаат да го свртат вниманието од вистинските виновници – гасната криза и Русија.
Мит бр. 3: Кризата ќе не спречи да се фатиме во костец со климатските промени
Кризата всушност може да биде историска пресвртница кон почист, посигурен и одржли енергетски систем, напишал Бирол, додавајќи дека таа е всушност груб потстетник на неодржливоста на сеганиот енергетски систем во кој доминираат фосилните горива. Преминот веќе се случува. Докази за тоа се REPowerEU, законот з анамалување на инфлацијата во САД, јапонскиот план GX (зелена трансформација) и плановите за чиста енергија во Кина и Индија.