Во рамките на најновата самостојна изложба на работата на Erwin Wurm во родниот град на уметникот, Виена, за прв пат јавно е изложено делото Fat House кое датира од 2003 година. Заедно со уште 40 скулптури – инсталации и статуи, Fat House е на располагање на љубопитната публика, ни помалку ни повеќе туку на еден прекрасен јавен простор пред барокниот дворец Белведере.
Со својата „дебела куќа“ уметникот ги исмева статусните симболи на денешното потрошувачко општество. Дополнително, секој посетител би требало да биде поттикнат на размислување и да се запраша: „Кога куќата станува уметност, и кои фактори го определуваат тоа?“