Зградата на улицата „Никола Вапцаров“ со бр.9 ќе биде првата што ќе добие фасада во т.н. барок стил, а за нејзина реконструкција е предвидено да се потрошат околу 370 илјади евра. Градежните работи ќе ги врши градежната компанија „Бауер БГ“, а архитектите што го изработија архитектонскиот проект се Жарко Чаушевски и Звонко Ставрески.
Реконструкција на фасадите ќе има и на објектите со број 2-4 и 12 на улицата „Никола Вапцаров“, на оние со број 22-24 на булевар „Димитрие Чуповски“ и со број 25, 35 и 001 на улица „Македонија“. Проектите за реконструкција на фасадите на повеќе од дваесет објекти во централното градско подрачје ги изработија фирмите „Архитектоника“ од Скопје и „Проинг Љубе“ од Битола. Станува збор за еден од најголемите проекти во центарот на главниот град, кои се инвестиција на Градот Скопје, а кои ќе чинат повеќе од милион евра.