Францускиот уметниик и фотограф Zacharie Gaudrillot-Roy создаде серија „Фасади“, која нуди визија на еден непознат свет кој би можел да биде само слика, без интимен простор.
Фасадата е првото нешто што го гледате, тоа е површината на зградата. Таа може да биде импресивна, површна или заштитена. Кога странците се движат по улиците на некој град кој за првпат го посетуваат, тие гледаат и доживуваат само архитектонски фасади и надворешности. Zacharie Gaudrillot-Roy кога шета низ улиците поставува прашања како: „Што ќе се случи ако ние се држиме до таа прва визија? Ако секојдневниот живот на „другиот“ е само сценографија?“