Френк Гери е познат по својата соработка со брендот и Фондацијата Louis Vuitton, парискиот уметнички музеј и културен центар, а го создал и објектот Louis Vuitton Maison Seoul, каде ентериерот го потпишува Peter Marino, структура која ја нагласува силната врска што LV ја развива со јужнокорејскиот главен град.
Познатиот архитект, Фондацијата на LV во Париз ја проектирал во форма на едра, а слична идеја имале и проектантите на трговскиот центар во Осака.
Овој пат Louis Vuitton проектот на својот нов објект го препуштил на бирото на архитектот Jun Aoki, а ентериерот и на овој објект е на американскиот архитект Peter Marino. Додека Jun Aoki, при проектирањето бил конкретно инспириран од традиционалниот товарен брод higaki-kaisen и ентериерот зрачи со силен „бродки“ дух.
Она што овој објект го прави маркантен е неговата фасада, која јапонскиот архитект ја проектирал да изгледа лесно и проѕирно. Белата структура на фасадата ја сочинуваат поголем број едра, меѓусобно поставени на различни нивоа и под прав агол.
Проѕирнорста на фасадата дополнително е нагласена со челична потконструкција, која е особено изразена во текот на ноќта кога е запалено внатрешното осветлување.
Престој на отворено
На покривот е формирана тераса, па така во овој дел впечатокот дека сте на едрилица е уште поголем, благодарение на отвореното небо.
Оригами и дрво
Во внатрешноста на зградата, можат да се препознаат мотиви слични на бродски. Дрвените подови потсетуваат на палуба, барот изгледа како брод, додека седењето е организирано како она на јахтите.
Традиционалните јапонски елементи, како што се дрвената столарија и оригамито, го украсиле ентериерот, како во пространите сали така и во поинтимните зони.
Галерија или продавница?
Трговскиот центар Louis Vuitton во Осака надополнет е со околу 20 современи уметнички дела кои ги одбрал Peter Marino. Низ четирите ката на новиот објект можат да се видат дела кои ги потпишуваат Vik Muniz, Polly Apfelbaum, Kimiko Fujimura, Nicola de Maria и Ida Tursic & Wilfried Mille, пишува Designboom.
Во контраст со посмирените линии во ентериерот, уметничките дела помалку ја разигруваат внатрешноста на објектот.
Во објектот е првиот кафе-ресторан Le café V and sugalabo V, кој е сместен на последниот кат.