Насловна / Архитектура / Фасада со ефект на замаглен фокус на зграда во Сиднеј

Фасада со ефект на замаглен фокус на зграда во Сиднеј

3
Tony Owen Partners ја комплетираа 15-катната кула т.н.„Апартмани со замаглен фокус“, создавајќи ја најголемата градска станбена зграда во Сиднеј во целост врамена во челик. Со 120 единици, оваа структура користи лесни Хебел подови и ѕидови и претставува прв од големиот број проекти кои се развиени од страна на сопственичка група. Оваа прототипна зграда истражува различни градежни техники за да се постигне висок квалитет на дизајнот на одржлив буџет.

1

4
Карактеристичната фасада ја истражува употребата на боена техника за да се создаде заматен ефект, што посебно е атрактивно и забележливо од соседниот автопат. Како резултат на тоа, секое ниво реагира на различни аспекти од комплексниот урбан волумен. Приземниот кат содржи континуирана улица со кафулиња и ресторани. Поголемиот дел од станбените единици се дуплекси, што ја зголемува двојно висината кон надворешниот простор и овозможува природна вентилација.

2 5 6

 

Испрати коментар

Scroll To Top