Насловна / Архитектура / Фасада што го крие светот на уметноста

Фасада што го крие светот на уметноста

Објектот во форма на сад со огледало на фасадата ќе содржи 151 илјада уметнички дела на неговиот простор. На покривот на овој јавно достапен магацин за уметност, ќе има парк со 75 дрвја и ресторан, па оддалеку ќе потсетува на „сад за салата“. Зградата зафаќа површина од 15 илјади квадратни метри и достигнува максимална висина од 39,5 метри. Фасадата е покриена со панели, односно со 1.664 ретровизори. До покривот може да се стигне директно со лифт од приземјето.

fasada

Проектот на фирмата MVRDV е завршен и се наоѓа во Ротердам. Сепак, иако е изграден овој магацин наречен „Depot Boijmans Van Beuningen“, тој сè уште не е отворен за јавноста затоа што треба да се донесат уметнички дела. Ќе треба уште околу една година за овој магацин да биде „населен“ со непроценливи уметнички дела.

fasada1

Уметничките дела ќе се чуваат и изложуваат во магацинот во согласност со климатските барања, наместо да бидат распоредени во зависност од уметничките движења, стилот или возраста како што може да се очекува. Секој простор за складирање е климатизиран и организиран во пет различни зони. Зоните се распоредени според уметнички дела изработени од различни материјали: органски / неоргански, метал, пластика и фотографии.

fasada2

Внатрешноста е организирана на таков начин што најпрво се пристапува до атриумот со вкрстено скалило и висечки стаклени полици на кои ќе бидат поставени избрани дела. Оттаму се продолжува до изложбените простории и студиите на кураторот. Јавноста дури ќе може да ги гледа и експертите кои работат на чување и обновување на делата, што обично се прави зад затворени врати.

Отворањето на „Depot Boijmans Van Beuningen“ се очекува на крајот на следната година.

fasada3

fasada4

Испрати коментар

Scroll To Top