Насловна / Арт и дизајн / Фасада на зграда во Хаг, како „најголемиот Мондријан во светот“

Фасада на зграда во Хаг, како „најголемиот Мондријан во светот“

Архитектот Richard Meier е добро познат по својата фасцинација од белата боја, опишувајќи ја како „извонредна боја во која можете да ги висите сите бои на виножитото“. Ова е всушност и една од поентите на неговиот говор по повод добивањето на Прицкеровата награда. Токму во знакот на снежно белата боја е изведена и City Hall зградата во Хаг, Холандија (завршена во 1995). Но, оваа година, целата таа белина послужува како основа за најголемата „слика“ на Мондријан во светски рамки.

mondrian 3

 

Имено, оваа зграда е еден од неколкуте објекти во градот кои добиваат „Мондријан третман“, во знак на прославувањето на 100 годишнината од создавањето на холандското уметничко движење, De Stijl.

Mondrian 2

City dressing Mondriaan

Движењето востановено од реномирани уметници меѓу кои и легендарниот Piet Mondrian, има направено сериозно влијание  во модерната архитектура, преку архитектите како Gerrit RietveldMies van der Rohe, и други.

de stijl

Како дом на најголемата збирка на дела од Мондријан (во Gemeentemuseum), Хаг го прославува споменатиот јубилеј преку низа настани во текот на целата година.

mondrian 3 museum Mondrian

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top