Каде на друго место може да се наоѓа куќа која е дизајнирана со акцент на проекции на филмови, ако не во Холивуд?
Skyline Residence е куќа сместена на падините на Лос Анџелес и од нејзината внатрешност има прекрасен поглед на филмскиот град.
Освен овој поглед, куќата има уште еден адут: Од терасата на куќата може да се гледаат филмови што преку проектор се прикажуваат на фасадата на гостинската куќа!
Проектното студио Belzberg Architects, ја осмислиле куќата како издолжена форма поделена на два целини, што е условено од конфигурацијата на теренот.
Во едната единица е сместена главната куќа, додека во втората е помошната, наменета за гости.
Двете куќи се изградени претежно во стакло, сегментно покриени со дрвени панели.
Освен предизвиците со теренот, архитектите морале да осмислат и решение за остварување на еколошка градба, како што сопственикот сакал, но со ограничен буџет.
Овој проблем е решен со користење на материјали од локално производство со цел да се намалат емисиите од штетни гасови при транспорт, истакнуваат на сајтот на проектното студио Belzberg Architects.