Во уште структурно неразвиените области на чешкиот град Либерец, изградена е нова градинка Nova Ruda која е многу потребна поради зголемениот број на жители. Локацијата е сè уште недоволно урбанизирана, а голем дел од околното земјиште се дефинира како јавна зелена површина.
Тоа било идеален терен за архитектите од Бирото Petr Stolin Architekt преку специфичната конфигурација на објектот да ги охрабрат децата да ја истражуваат неговата архитектура. Тие можат, во текот на денот, да ја откријат зградата и разните начини на движење низ неа, и за тоа време да бидат малку во природа, малку во затворен простор.
Во непосредна близина на градинката се наоѓа историска зграда, средно уметничко училиште и неколку семејни куќи, така што сите заедно го сочинуваат прилично руралниот контекст. Затоа и самата зграда не морала многу да се вклопи во постоечкиот контекст што им овозможило на архитектите да се расплинат во креативноста. Така, е создадена посебната фасада во детската градинка која привлекува визии.
Целата зграда е покриена со челична конструкција која носи делумно транспарентни панели. Таквиот концепт, базиран на транспарентност, визуелно го зголемува просторот и создава чувство на сигурност. Фасадата е, всушност, мека мембрана која ги штити внатрешниот свет на градинката, така што нема потреба од каква било дополнителна ограда.
Необичен е и топографски карактер на локацијата, имајќи на ум дека градинка се наоѓа на падина ориентирана кон север, а просторот е ограничен со постоечкиот пат и паркинг.
Зградата е поврзана со околните површини со големи прозорци, а меѓусебната врска на катовите се реализира преку атриумот.
На пониското ниво на зградата се наоѓа спалната, а тоа е најмирниот дел од градинката.
На следниот кат е собата за игра и трпезаријата, а од оваа зона децата може да излезат на терасата и во страничните галерии кои се делумно заштитени со транспарентна фасада, која поради својата структура делува како скеле. Последниот кат има максимална висина и е организирана со училници. Кровните прозорци пропуштаат значителна дневна светлина кој е совршена за попријатна детска работа.
Градинката е дизајнирана да прифати две групи по 25 деца, за кои се грижат четири возпитувачи, така што во зградата се сместени и нивните канцеларии, како и сите помошни објекти наменети за подготвување на храна, чистење и складирање. Благодарение на отворените тераси и дворот децата може да играат, но и да учат на отворено, бидејќи овие објекти, исто така вклучуваат гардероби за складирање на играчки и опрема за работа.
Како во внатрешноста, така и во дизајнот на фасадата, користени се материјали во светлосни тонови комбинирани со стакло.