Се работи за фасада со огромна површина на повеќекатната гаража на една болница во Индијанополис, САД. Проектот е дело на архитектот Роб Леј, односно неговото студио Urbana основано во 2002 година. Без сомнение, се работи не само за архитектонско решение туку и за уметничка инсталација, која е завршена во мај оваа година. Фасадата поседува 7000 метални панели под различни агли и со различна боја. Како се движи набљудувачот од едната страна на инсталацијата до другата, фасадата почнува да ја менува бојата од златно-жолта до темносина или обратно.
Инсталацијата е висока 18,5 и долга 75 метри. Освен уметничкиот впечаток, има улога да ги маскира елементите во самата гаража односно автомобилите, бетонските столбови и оградите.