Куќните павилјони живеат во имагинарниот дел на архитектурата: еднокатен објект кој лебди над парцела, дефиниран од архитектонски елемент, опкружен со дворна празнина.
Куќата Farnsworth (1951) од Мис ван дер Рое е еден вид модерна парадигма за ова. Бразлиското биро Студио МК27 ја презема сликата на куќа-павилјон за Redux House во проект обликуван со рамни плочи и разработена формална композиција од маси и празнини. Така, покрај формалната игра на стакло и дрвени кутии, фасадата ја означуваат и две хоризонтални ленти: долната бетонска плоча ја издигнува куќата 50 сантиметри од теренот за да се изгради платформа за домашни активности (аналогијата на куќа како сцена за секојдневниот живот овде делува сугестивно).
На врвот, плочата со дебелина од 37 сантиметри ја дефинира засенчената област. Со цел да се оптимизираат внатрешните погледи, куќата е поставена на највисокиот дел од теренот на локацијата со површина од 6633 квадратни метси, заедно со социјалните и приватните простории, па така, гледа кон запад, вклучувајќи ја пространата тераса и базенот што се движуваат кон падината, се додека конзолата не излезе од земја.
Четири функционални блокови ги делат областите на оваа куќа со површина од 679 квадратни метри. Првиот содржи четири спални соби и сауна, вториот само главниот апартман. Во третиот блок се сместени помошните простории (кујна, перална, соба за слугинки, бања и спални соби). Во последниот блок се наоѓа гаражата и техничкиот простор.
Redux House се наоѓа во градчето Bragança Paulista кое е во близина на Сао Паоло и е познато по традиционални кобасици.