Value Farm ги креира вредностите преку зачувување на земјата како колективен труд. Проектот е пресек помеѓу урбаната трансформација, архитектурата и урбаната агрикултура со културен настан, и ги истражува можностите како урбаното земјоделство и градот може да се интегрираат меѓу зградите на заедницата. Таа е дел од Shenzhen Hong Kong Bi-city Биеналето за урбанизам и архитектура во рамките на Ole Bouman’s Value фабриката сместена во Shekou, кој претсавува предел подложен на радикална трансформација. Одговарајќи на темата на Биеналето „Урбана граница“ и пост-индустриската обнова на Shekou, Valuе Farm e нов архитектонско- пејзажен дизајн кој обезбедува постојана инфраструктура за иднината на местото, а истовремено претсавува перформативен настан за време на Биеналето.
+1