Јапонската компанија „Тошиба“ ја претстави својата фабрика на иднината, каде што успешно се одгледуваат неколку видови на марула без употреба на сончева светлина и почва. Компанијата тврди дека ја создала идеалната средина без микроби каде ќе се произведуваат три милиони кеси марула, на годишно ниво. Секој од вработените носи посебна облека со цел да не ја контаминира околината. Марулата се одгледува на вештачко светло и се храни со витамини и хранливи состојки директно преку коренот. Крајниот производ е зеленчук без бактерии, габи и инсекти, кој се пакува во посебни кеси кои му овозможуваат да трае подолго.