Насловна / Архитектура / Фараонски проект од неверојатни 466 милиони евра, кој треба да биде довршен за Олимпијадата во Париз

Фараонски проект од неверојатни 466 милиони евра, кој треба да биде довршен за Олимпијадата во Париз

„Гран Пале е во опасност“, неодамна предупреди Франсоаз Нисен, францускиот министер за култура, пред да го претстави на јавноста проектот за реновирање на еден од најубавите музеи во Париз и во Европа.

обнова на гран пале (4)
Бидејќи голем дел од објектот на „Гран Пале“ не е во согласност со современите стандарди за безбедност, во моментов музејот не е во функција каква што се очекува и најголемиот дел од него е затворен за јавноста. Планот е од 2020 година, овој „стогодишен“ споменик, да доживее огромна промена на реставрација и развој.
Според министерот за култура, се работи за историски проект, бидејќи истиот ја изразува големината и важноста на очекуваниот потфат. „Проектот треба да помогне овој историски споменик да добие максимална безбедност, а истовремено, да се обнови неговата волуменозност, максимално да се стави во функција неговата циркуларност и мобилност, како и повторно да се истакне и открие неговата изворна светлина.

гран пале
„Ќе бидат обновени сите стаклени простории, покрај главниот стаклен покрив на кој се работело последните девет години. На тој начин, ќе обезбедиме сигурна зграда, особено од поплави, и секако, од безбедносни причини“, изјави Силви Убак, претседател на „Големото Пале“.

обнова на гран пале (3)
Овој потфат е доверен на агенцијата Lan Architecture во соработка со дизајнерот Mathieu Lehanneur.
Ваквата грандиозна трансформација, која бара целосно затворање на локацијата помеѓу декември 2020 и средината на 2023 година, проценета е на 466 милиони евра, вклучувајќи 288 милиони евра кои ќе бидат инвестирани од француската држава.
Покрај тоа, нема да се толерира никакво одлагање, бидејќи „Гран Пале“ е избран да биде официјален објект домаќин на повеќе настани за време на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Le Nouveau Grand Palais.

ИДНИНА
Според проектот, во иднина „Гран Пале“ ќе биде отворен од двете страни, односно почнувајќи од „Авенијата на Елисејски Полиња“ на север, па до реката Сена на југ, преку Rue des Palais, идната главна сообраќајна и културна артерија на новата локација и на Париз воопшто.

lan-architecture-grand-palais
Од секоја страна, големите галерии, чија големина ќе се зголеми за 30 %, ќе бидат опслужени со огромни рампи поставени под природна светлина. Од секоја страна, големите галерии, чии големини според планот, просторно ќе се зголемат за 30 %, ќе бидат поврзани и опслужени со огромни рампи поставени под природна светлина.

lan-architecture-grand-palais..................
Надворешните градини, исто така ќе бидат ревитализирани за да им обезбедат на посетителите поголеми зелени површини кои ќе бидат достапни и за лицата со ограничена подвижност.
Конечно, главната тераса од страната на Сена како и другите балкони кои досега биле недостапни, ќе бидат отворени за јавноста, заедно со новиот луксузен ресторан и приватизирана зона.

lan-architecture-grand-palais..
Ќе бидат обезбедени највисоките меѓународни стандарди за национални изложбени галерии, а исто така, се планира и проширување на просториите за наем, кои ќе се зголемат од 18.000 до 23.000 м2.

lan-architecture-grand-palais.....
Со проектот ќе се решат два главни технички проблеми, метеоролошки и практични: „Термичка регулација на главниот простор, во кој температурата може да се движи од -5 °C до 40 °C, и создавање на голема логистичка платформа под него, бидејќи денес објектот нема свои простории за испорака.
Исто така, дигиталните технологии ќе бидат користени наголемо во новиот „Гран Пале“. Според Убак, на посетителите треба да им се обезбеди да можат во живо да ги гледаат најсовремените случувања од областа на науката, уметноста и технологијата во Тулуз или во Бруклин… Панорамското читање и тематските изложби во „Гран Пале“ како дел од историјата на уметноста ќе бидат фокусирани на сите значајни и анонимни социолошки, филозофски или политички настани во општеството.
„Новиот „Гран Пале“ како институција мора да биде подобра и во согласност со сегашното време“.

„Гранд Пале“ како еден од најубавите историски споменици во Европа, со години е поврзан со „Шанел“. Од 2005 година, музејот е главната сцена за исклучителните поставки и декори креирани од страна на уметничкиот директор на „Шанел“, Карл Лагерфелд за своите Ready-to-Wear и Haute Couture ревии.

шанел
„‘Шанел’ и ‘Гран Пале’ развиле блиска врска иницирана од Карл Лагерфелд во 2005 година. За ‘Шанел’, ‘Гран Пале’, каде што се одржуваат нашите модни ревии, е многу повеќе од едноставен споменик во срцето на Париз. Неговата исклучителна архитектура претставува вистински извор на инспирација и творење за Карл Лагерфелд“, објаснува Бруно Павловски, моден претседател на куќата „Шанел“.

ИСТОРИЈА
Grand Palais des Champs-Élysées, обично позната како Grand Palais („Гран Пале“), претставува врвна историска знаменитост, изложбена сала и музејски комплекс сместен на Champs-Élysées во 8. арондисман во Париз, Франција.
Изградбата на „Гран Пале“ започнала во 1897 година на местото на срушената Palais de l’Industrie од 1855 година, а во рамките на припремите за Светската изложба во 1900 година, која подразбирала и градење на дополнителни градби како што се Petit Palais и Pont Alexandre III.
„Гран Пале“ изворно претставувал „Споменик посветен на славата на француската уметност од страна на Републиката“, и неговата улога била да биде домаќин на сите големи уметнички настани во главната француска метропола.
По редица неизвесни настани и жестоки расправии меѓу претставниците на тогашната власт, медиумите и јавноста во однос на тоа кој да биде главен архитект на целиот проект меѓу архитектите избрани на националниот конкурс во 1896 година, конечно било одлучено авторите Henri Deglane, Albert Louvet, Albert-Félix-Théophile Thomas и Charles Girault да ги синтетизираат меѓусебно своите предлози и да работат заедно на проектот.

lan-architecture-grand-palais.
Конструкцијата е градена во стилот на Beaux-Arts архитектурата, креирана на École des Beaux-Arts во Париз. Зданието со своите камени и стаклени фасади, со формалноста во планирањето на основата и со употребата на техниката го одразувало вкусот на декоративност која во тоа време била иновативна. Такви се стаклениот покрив и неговата конструкција од железо, врамувањето од лесен челик и употребата на армирачки бетон.

обнова на гран пале (2)
Главниот брод, долг речиси 240 метри, се состои од импресивен простор и надмоќен стаклен покрив, кој заедно со стаклените врати и куполи тежи околу 8.500 тони челик, железо и стакло. Вкупната тежина на употребениот метал е 9.057 тони (наспроти 12.000 на станицата Орсеј и 7.300 за структурата на Ајфеловата кула). Врвот на главната купола кулминира на надморска височина од 45 метри.
Изграден од железо, челик и стаклен покрив, „Гран Пале“ е последен од импресивните проѕирни градби инспирирани од лондонската „Кристална палата“ (Crystal Palace), кои биле градени за потребите за одржување на масовни настани и собири пред ерата на електричната енергија.
Главниот простор на „Гран Пале“ првично бил поврзан со останатите делови на палатата долж оската исток-запад со големи скалила во стил кој ги комбинира класицизмот и ар нуво, но оттогаш па досега внатрешниот изглед веќе бил модифициран неколку пати.

lan-architecture-grand-palais......
Големата инаугурација била одржана на 1 мај 1900 година, а од самиот почеток палатата била место на одржување на различни видови на настани покрај предвидените уметнички изложби. Тоа вклучувало натпревари во јавање коњи кои се одржувале еднаш годишно од 1901 до 1957 година, но главно просториите на „Гран Пале“ биле посветени на иновациите и модернизмот: автомобили, воздухопловство, апарати за домаќинство и така натаму. Златната ера на ликовни изложби како таква траела 30 години, додека последната се случила во 1947 година.
Првата голема ретроспектива на Анри Матис после неговата смрт била одржана токму во „Гран Пале“.

Во првата половина на шеесеттите години на 20 век, архитектот Ле Корбизије сакал да се урне „Гран Пале“ и на негово место да се втемели нов музеј на 20 век – улога која Андре Малро му ја доверил за реализација. Смртта на славниот архитект во 1965 година ја прекинала можноста за реализација на овој радикален проект.
Со одлука во 1975 година, објектот е класифициран како историски споменик. А со новиот декрет во 2000 година, „Гран Пале“ е на листата на историски споменици на француското Министерство за култура, со што е заштитен во целост.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

ДЕНЕС
„Гран Пале“ како еден од најважните изложбени зданија во светот со своите 77.000 м2, во коишто редовно се изложуваат престижни изложби, има голема полициска станица во подрумот, чии службеници помагаат да ги заштитат изложбените дела, особено сликите што припаѓаат на „салоните“: Salon de la Société Nationale des Beaux Arts, Salon d’Automne и на Salon Comparaisons.
Западното крило на Френклин Д. Рузвелт, исто така, го содржи научниот музеј – Palais de la Découverte.

lan-architecture-grand-palaiss
Одредени делови на обновениот стаклен покрив се користат за затворени ВИП- роденденски забави, а целиот спектакуларен амбиент на зданието секоја година покрај важните изложби е исполнет со разни настани почнувајќи од познатиот уметнички саем – Foire internationale d’art contemporain (Fiac) во месец октомври, па сè до разни екстравагантни модни и други спектакли.

ШАНЕЛ – ексклузивен спонзор на реновирањето

Како куќа посветена на креативноста и свртена кон иднината, модната империја „Шанел“ стана ексклузивен спонзор на проектот на реновирање на „Гранд Пале“ зданието. Со оглед на фактот дека славната Габриел (Коко) Шанел давала силна поддршка на културната и уметничка сцена на Париз, нејзините активности како основач на брендот „Шанел“ ќе бидат продолжени со овој грандиозен проект. Куќата „Шанел“ ќе обезбеди 25 милиони евра за реконструкција и рехабилитација на „Гранд Пале“, како симбол на архитектонски иновации во Париз од неговото создавање, а во кој со години се организираат ревиите на оваа модна куќа.

Ревија на Шанел

Испрати коментар

Scroll To Top