Архитектонското студио Marc Koehler Architects е заслужно за ова станбено ремек-дело кое се наоѓа во градот Алмере во Холандија. Тоа е проект кој настана како барање и иницијална идеја на инвеститорот.
Ова е семејна куќа која може да се пофали со 11 различни погледи, а која одлично се вклопила во водниот амбиент во кој се наоѓа.
Стил кој е присутен е комбинација на минимализам и оној индустрискиот во кој доминираат предимензионирани прозорци и стаклени ѕидови и еклектични дизајнерски парчиња мебел, кои на целата внатрешност му даваат една доза на топлина. Дел од оваа сценографија се токму споменатите прозорци кои нудат дури 11 различни погледи и перспективи.