Насловна / Арт и дизајн / Фанки перничиња што никого не оставаат рамнодушен

Фанки перничиња што никого не оставаат рамнодушен

Овие перници ќе ги воодушеват сите оние што сакаат да се дружат со пријателите надвор од вообичаените рамки (на мебелот) и да се релаксираат на под, во круг.

Необичниот и заплетен дизајн на овие фанки перници, едноставно, никого не оставаат рамнодушен. Изработени во различни, силни бои, самостојни или во комбинации, овие перници со својот мек изглед едноставно повикуваат за седење.

fanki pernici (6)

Авторката, која стои зад овие перници испреплетени во јазли, е Neta Tesler и работи во дизајнерското биро Knots Studio во Тел Авив.

Таа е инспирирана од сето она што секојдневно ја опкружува – морето и градот.fanki pernici (5)

Нејзината вештина и креативност се отелотворени во посебна техника на изработка во која материјалот се полни со цврста, но флексибилна пена и се плете во јазли, а високиот квалитет на материјалите на навлаките, што ги користи дизајнерката, ги прават овие перници многу издржливи.fanki pernici (9)

Јазлестиот дизајн е постојан благодарение на дрвените прстени, кои се рачно изработени во столарската работилница на прадедото на Neta Tesler.

Освен како перници на подот, што можат да се сместат во која било просторија, постои и верзија во форма на столици без потпирачи, а забавните мотиви се направени во различни димензии.fanki pernici (3) fanki pernici fanki pernici (2) fanki pernici (4) fanki pernici (10) fanki pernici (8) fanki pernici (7)

Испрати коментар

Scroll To Top