Две милијарди корисници на Facebook во просек поминуваат околу 50 минути на оваа социјална мрежа, а бидејќи компанијата сака нејзините корисници и останатото време да го поминуваат тука, осмисли нова платформа Facebook Watch.
Watch содржи оригинални и ексклузивни видео серии, од неколку значајни партнери кои го опфаќаат медиумскиот пејзаж. Дигиталните произведувачи како што се BuzzFeed и Tastemade имаат вистински содржини за Facebook.
Ова може се чини како мал чекор ако се земе во предвид колку е распространета компанијата, но ова е најголемата амбиција на Facebook да ги задржи корисниците на платформата што е можно повеќе, затоа што така повеќе заработува.
Watch има задача да го постави Facebook таму кај што недотасува, а тоа е дневната соба.
Во својата срж Watch всушност е признание дека Facebook погрешно проценил дека луѓето најмногу време поминуваат на интернет, додека луѓето се уште сакаат да седнат и да гледаат нешто убаво од каучот во својата дневна соба.
Со ова Facebook влегува во медиумскиот бизнис каде нарачува и плаќа на други компании да направат нешто исклучително за Facebook.
Сепак, успехот не е загарантиран. Историјата на Facebook е оптоварена со начини како да се задржи публиката. Сепак, никој не претпоставуваше дека Amazon ќе се користи за нешто друго освен нарачување книги, ниту Netflix за нешто друго освен за изнајмување DVD-a.