Насловна / Вести / „Facebook“ соларен дрон за интернет ширум светот

„Facebook“ соларен дрон за интернет ширум светот

solaren dron
Компанијата „Facebook“ уште од 2013 година работи на проектот „Internet.org“  чија цел е да овозможи интернет пристап ширум светот.

Едно од решенијата што оваа компанија го разви во таа насока е соларен дрон, беспилотно летало со величина на Боинг 747, кој би го „носел“ интернетот. Дронот е дизајниран така што може да крстосува помеѓу 18 и 28 илјади метри над земјата, а користи ласери со кои ќе „донесе“ интернет во сите земји од светот.

solardronestill
Првите мали соларни дронови кои ги има дизајнирано оваа компанија можеа да останат на небото околу три месеци на едно место, но се очекува во иднина овој модел значително да се подобри.

Од компанијата „Facebook“ истакнуваат дека овој проект сè уште е во фаза на тестирање, а во зависност од успешноста во оваа фаза ќе бидат дефинирани следните чекори.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top