Апликацијата за испраќање пораки Facebook Messenger достигна над милијарда корисници, соопшти компанијата. Фејсбук сега има два сервиси со повеќе од милијарда корисници, заедно со WhatsApp.
„Како дел од ова патување до една милијарда корисници, ние се фокусиравме на создавање на најдобрите можни искуства во современите комуникации“, изјави директорот на Facebook Messenger Дејвид Маркус.
„Ние остануваме фокусирани да помогнеме во поврзување на луѓето и бизнисите. Им благодариме на сите кои користат Messenger низ светот, и ние се надеваме дека ќе ги поврземе следните една милијарда“.
Апликацијата брзо се развиваше во 2016 година, привлекувајќи околу 100 милиони активни корисници на секои три месеци. Сервисот доби 800 милиони корисници во јануари и 900 милиони во април.
Корисниците, исто така, испратиле повеќе од 22 милиони гифови на ден и 17 милијарди фотографии секој месец преку Messenger.