Компанијата Facebook неодамна ги откри плановите за изградба на населба предвидена како идно место за живеење на вработените и нивните фамилии. Архитектоснкото биро ОМА Њујорк, го проектира кампусот.
Населбата Willow Village ќе се наоѓа во градчето Menlo Park, сместено во срцето на заливот Сан Франциско, на само неколку минити возење од прочуената Силиконска долина. Предвидено е да има 1500 станбени единици и да се простира на 59 ари. Населбата со околината ќе биде поврзана со реновирана железница, а во план е и изградба на мост за пешаци и точаци.
Планот на Facebook е да понуди сместување на поголем број свои вработени по искличително ниски цени, да ги опкружи со паркови, зеленило, шеталишта, маркети, а можеби во центарот на населбата ќе се изгради и културен центар.
За компанија која само во 2017 година заработи 40 милијарди долари, планови за изградба на вистинска функционална заедница во вистинскиот живот не претставува нешто особено чудно. Но, како што пишува Дејвид Стреитфелд во есеј за New York Times, прашањето е дали луѓето кои сакаат една компанија навистина посакуваат и да живеат во неа?
Кому му се лајкува да живее тука?
Овој план го следат уште неколку проблематични точки. На пример, јавно е познато дека Facebook на оние вработени кои живеат во непосредна близина на компанијата им дава петоцифрен бонус! Од друга страна, Menlo Park е сместен помеѓу две најсиромашни општини во заливот, каде во најголем број живеат емигранти од јужноамериканските земји.
Покрај тоа, Facebook во последните неколку години направи чекори кои наидоа на остра осуда кај критичарите. Ноншалантниот однос кон доверливите информации на корисниците и селекцијата на политички вести само се некои од чекорите. Затоа не треба да чуди што некои медиуми одамна Willow Village иронично го нарекуваат Facebookville или Zucktown.
Но, Facebook не е прв ниту последен гигант кој се однесува како да не ја разбира импликацијата на своите акции, констатира во својот текст Дејвид Стреитфелд.
Google веќе има во план сличен проект кој се нарекува Alphabet City и се наоѓа недалеку од Menlo Park. Истражувањата покажуваат дека во САД работниците во просек поминуваат дневно 52 минути патувајќи од дома до работа и назад (со тоа што минутите се зголемуваат од година во година), така што практичноста на овие проекти не се доведува во прашање. Но, како што истакнува New York Times, проблемот е во тоа што на овој начин компанијата на своите вработени не само што ќе им стане шеф во работата, туки ќе им биде и шеф во домувањето. Покрај тоа секогаш ќе ги има и оние кои нема да живеат во населбата, па така прашањето на „раслојување“ на вработените на оние кои живеат со комплетни бенефиции и на оние кои ги немаат, останува комплетно отворено. Фактот дека цените на становите во овоаа област веќе сега се вртат околу бесмислено високи цифри исто така е загрижувачки.
Сепак праксата на изградба на монополи од страна на големите корпорации не претставува ништо ново, особено во историјата на САД. Останува прашањето дали бенефитот од корпорацијата е повреден од автономијата на вработените вон работното време.