Насловна / Вести / Фабриката на Xiaomi во Пекинг, може да го произведе автомобилот SU7 за само 90 секунди

Фабриката на Xiaomi во Пекинг, може да го произведе автомобилот SU7 за само 90 секунди

Производителот на паметни телефони, но од неодамна и на автомобили, Xiaomi, го произведува својот прв модел SU7 во Xiaomi Super Factory во Пекинг, каде работат само 20 работници и има инсталирано над 700 индустриски роботи. Фабриката може да произведе 40 автомобили на час. Тоа одговара на време на производство од само 90 секунди за секој нов автомобил кој ќе излезе од ленатата за монтажа.

1_85

1_86

Ова е резултат на високо автоматизираната производна линија и вклучените напредни паметни техники. Малиот број вработени се потпираат на осум роботски раце по една работна станица, односно по четири од секоја страна на автомобилот.

1_88

1_89

Xiaomi во моментот има 59 продажни места во 29 кинески градови, и има цел да се прошири на 211 локации во 39 градови до крајот на годината. Моделот Xiaomi SU7 е претставен на 28-ми март 2024 година, по цена од 27.500 евра на кинескиот пазар.

Испрати коментар

Scroll To Top