Насловна / Вести / И фабриката на Airbus во Франција се грее на дрвна биомаса

И фабриката на Airbus во Франција се грее на дрвна биомаса

Airbus Defence & Space

Познатиот австриски производител на опрема за енергетско искористување на биомаса Polytechnik,  испорача и изведе нова котелска постројка за снабдување со топлинска енергија на фабриката за авиони на Airbus во Тулуз, Франција. Како што се истакнува, се работи за котел за производство на сувозаситена пареа со инсталирана моќност од  13,5 MW. Количината на потребно гориво (дрвна биомаса) годишно изнесува 22.000 тони.

Котелот првенствено има задача да обезбеди топлинска енергија за греење на производствените погони со површина од 350.000 m(монтажни хали и лакирници за авионите A 350), при што се очекува значително намалување на потрошувачката на природен гас (кој инаку бил користен како енергент), но и емисиите на јаглерод диоксид. За обебедување на биомаса, компанијата има воспоставено соработка со шумарската задруга COFOGAR,  една од најголемите шумарски организации во југозападна Франција.

Од оваа задруга се обезбедува дури 70% од потребните количини, додека остатокот се покрива од плантажите со еукалиптуси и други култури, како и од блиските дрвопреработувачки погони. Димните гасови од процесот на согорување пред испуштање во атмосферата минуваат низ мултициклон и електрофилтер, така што концентрацијата на прашина е во рамките на граничните вредности од 20 mg/m3 според француските прописи, поточно, се движат во опсег од 2 до 8 mg/m3.              

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top