Основани од страна на прочуениот архитект Marc Kushner, Architizer A+ наградите денес претставуваат најголем глобален награден програм во сферата на архитектурата.
Поради транспарентноста која го следи процесот на гласање, големиот број категории во кои може да се учествува, како и фактот дека се профаќаат пријави на професионалци од сите делови на светот, наградите Architizer A+ ги бие глас дека се најдемократски. Најновите податоци го потврдуваат ова тврдење.
На овогодинешниот конкурс гласале преку 400.000 луѓе од преку 100 земји во светот, пријавите стигнале од преку 100 различни нации и доделени се дури 196 награди. Некои од наградените проекти сигурно ви се познати.
Тоа е фабриката за полнење на вода „МАYA“ во село Гари. Овој објект на архитект Александар Карангелов ја освои наградата на публиката во категорија индустриски објекти и складишта.
Објектите се наградуваат и според онлајн гласање на публиката и според оценката на стручно жири. Интересно е дека мислењата на стручното жири и публиката во најголем број случаи се разликуваат. Ретко кој објект освоил и популарен глас од публиката и од стручното жири. На следниот линк можете да ги погледнете наградените објекти.