Насловна / Вести / Фабриката 3Sun на Enel, станува најголема фабрика за фотонапонски панели во Европа

Фабриката 3Sun на Enel, станува најголема фабрика за фотонапонски панели во Европа

Погонот 3Sun во Катанија на Сицилија е еден од најголемите за производство на фотонапонски панели во Европа, а сега учинокот ќе се зголеми за дури 15 пати. Ова е воедно и единствената фабрика во Европа за масовно производство на двострани плочи, кои ја зафаќаат сончевата енергија од двете страни. Одлуката за проширување на фабриката е донесена во јануари минатата година. Руската инвазија на Украина, поради која цените на гасот во Европа рекордно пораснаа, даде дополнителен поттик за забрзување на енергетската транзиција. Од друга страна, експанзијата на производствените капацитети за овој вид опрема генерално ќе ја намали зависноста од увоз од Кина, која е најголема сила во овој сектор.

sun1

sun2

Во моментот, фабриката може да произведе до 200MW годишно. Огранокот на Enel Green Power, таму произведува фотонапонски панели од 2010 година, а крајниот таргетиран капацитет од 3.000MW, ќе биде постигнат до јули 2024 година. Enel во погонот 3SunGigafactory ќе имплементира нова технологија под името тандем. Тие решенија значително ќе ја надминат ефикасноста на денешните фотонапонски ќелии.  Се очекува 30% поголема ефикасност на фотонапонските панели.

sun3

Вкупната инвестиција во проширувањето изнесува 600 милиони евра, вклучувајќи и 188 милиони евра од грантови на Европската комисија. Проектот е познат и под името TANGO (iTAliaN GigafactOry).

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top