Германскиот производител на играчки Hermann-Spielwaren произведе мече во чест на германската канцеларка Ангела Меркел, која си заминува од функцијата после 16 години. Фабриката Hermann-Spielwaren, ја претстави оваа нова играчка со должина од 40 сантиметри, чии шепи имаат специфична положба позната како Merkel romb. Истата фабрика претходно произвела мече во чест на Барак Oбама, како и на поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит и кралицата Елизабета II. Ќе бидат произведени 500 „Меркел мечиња“, а ќе се продаваат по цена од 189 евра. Шеснаесеттиот произведен примерок ќе и биде подарен на канцеларката.