Кога Рикардо Бофил пронашол напуштена фабрика за цемент во 1973 година, тој веднаш во неа здогледал свет на можности. Била родена „La fábrica“ и 45 години подоцна, структурата била целосно трансформирана во спектакуларен и уникатен дом.
Фабриката, која се наоѓа во непосредна близина на Барселона, работела во периодот на Првата светска војна, меѓутоа била затворена. Кога Рикардо и неговиот тим ја купиле, воочиле дека се потребни многу поправки. После неколку години делумна деконструкција, одлучниот архитект продолжил да го уредува екстериерот на имотот со вегетација и да го опремува ентериерот како модерен простор за работа и живеење.
„La fábrica“ се` уште е во процес на поправка, меѓутоа Бофил вели дека тоа постојано ќе биде така со оглед на фактот што иднината постојано ја менува својата форма. Индустриските оџаци кои некогаш го исполнувале воздухот со чад, сега се бујно зелени и претставуваат одличен пример за убава трансформација која е резултат на креативно размислување.
ФОТО: ArchDaily