Ако пред еден век фабричките оџаци биле симбол за индустриски напредок, а пред четврт век автоматизираните производствени ленти, денес индустрискиот напредок се перцепира преку ефикасноста на ресурсите, заштитата на животната средина и енергетската ефикасност. Една таква фабрика за алатни машини (IWU) отвори Институтот Фраунхофер, наменета за истражувачки цели, која во своето име ја содржи кратенката „3Е“.
Првото „Е“ означува енергетска и ресурсна ефикасност, вророто „Е“ за неутралност во однос на емисијата на штетни гасови и третото „Е“ за вклучување на човекот во производството.