Насловна / Арт и дизајн / Фаберже најави единствено јајце по повод 60 години Џемс Бонд

Фаберже најави единствено јајце по повод 60 години Џемс Бонд

Луксузната куќа за накит Фаберже најави ново партнерство со Џемс Бонд, во рамки на кое ќе креираат уникатен предмет кој одбележува 60 години од филмската франшиза. За време на одбележување на шест децении од објавувањето на првиот филм за Џемс Бонд, Др. Но, премиерно прикажан во 1962 година, како и 180-годишнината од брендот Фаберже, проектот ќе го преземе шефицата за дизајн, Лиза Талгрен, заедно со креативниот директор на брендот.

Додека деталите за јајцето Faberge x 007 се чуваат во тајност, куќата соопшти дека тоа ќе биде „симфонија на минатото, сегашноста и иднината“, вклучувајќи ги иконите на Бонд и Фаберже, со посебен акцент на познатите шпионски реквизити. Оние кои бараат дополнителни индиции можат да ги најдат во јајцето „Игра на тронови“ што Фаберже го претстави во 2021 година, инспирирано од змејови. Лушпа од 18 карати бело злато, емајл и дијаманти се отвора за да открие втора сложена внатрешна обвивка која пак се отвора за да открие круна од рубин и дијамант што може да се носи како прстен или ѓердан.

2_resize

Исто така, ќе има многу време за претпоставки, а конечното уметничко дело нема да биде откриено до 2023 година, кога се одбележува 40-годишнината од објавувањето на Octopussy од 1983 година, како соодветна омаж на филмот кој имаше заплет фокусиран околу кражбата на Фаберже јајце.

И, иако ова може да изгледа како далечна иднина, тимот на Фаберже веќе започна со работа на Бонд јајцето, при што првичните дизајни покажуваат дека ќе го содржи технички најнапредниот механизам за отворање што брендот некогаш го создал. Се разбира, бидејќи ова е јајце од Фаберже, исто така е фер да се претпостави дека ќе има блескава низа сложени благородни метали и неверојатни скапоцени камења.

1_resize

Меѓутоа, за разлика од многу куќи кои претпочитаат да чуваат такви уникатни предмети во своите архиви, Фаберже веќе потврди дека јајцето ќе биде пуштено во продажба. Според брендот, јајцето „ќе ги заинтересира колекционерите и ељубителите ширум светот и претставува неверојатно ретка можност да се инвестира и поседува парче инспирирано од филмската историја“.

Немојте да се изненадите кога ќе видите дека цената ќе има седум цифри.

Испрати коментар

Scroll To Top