Едноставната бетонска структура на хотелот проектиран од австралиското архитектонско студио Cumulus Studio е поставена во реновираната постоечка турбина близу крајбрежјето Тасманија кај едно од најдлабоките езера во Австралија.
Објектот првпат е изграден во 1040 година и служел за експеримент за хидроелектричната енергија. Подоцна е напуштен и истиот простор не се користел повеќе од 20 години.
Програмата содржи вкупно 12 соби за гости, распоредени во трикатниот објект. Дополително се поставени уште шест апартмани, а во просторот каде што претходно се наѓале канцелариите сега се сместени просторија за јадење и дневен престој.