Насловна / Вести / Exxon Mobil под истрага поради скандал поврзан со климатските промени

Exxon Mobil под истрага поради скандал поврзан со климатските промени

Во САД, обвинителот на државата Њујорк покрена истрага против американската нафтена компанија Exxon Mobil под сомневање дека компанијата ја лажела јавноста за ризиците поврзани со климатските промени, како и своите инвеститори за начинот на кој тие ризици би можеле да го загрозат нефтениот бизнис.File photo of the Exxon Mobil refinery in Baytown, Texas

Освен  Exxon Mobil, под истрага се нашла и компанијата Peabody Energy.

Приказната започнала пред  неколку недели кога во јавноста протекле истражувањата од 70-тите години на минатиот век, од кои произлегува дека во Exxon собирале податоци за климатските промени кои не им биле презентирани на јавноста ниту пак на акционерите. Проблемот за Exxon Mobil е всушност фактот што во минатите децении и тоа како биле свесни за ризиците поврзани со климатските промени, според сознанија од интерни истражувања. Тие податоци биле користени при изработка на деловни стратегии, но зошто никогаш не биле обелоденети во јавноста?

Од друга страна, пак, се поставува прашањето дали денес се разоткриени сите податоци, или сè уште нешто се чува во тајност? New York Times пишува дека Exxon Mobil нема да остане единствен случај, туку дека постои можност истрагата да се прошири и на многу други компании. Некои експерти во ова гледаат потенцијал за тужби во износи кои се мерат во десетици милијарди долари.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top