Веста дека Србија е избрана за еден од домаќините на ЕХРО 2027 дефинитивно е еден од настаните во регионт кој ја оддбележаа минатата недела.
Како што објавивме, на Генералното собрание на Меѓународното биро за изложби Србија триумфираше во сите четири круга и избрана е да биде домаќин на Специјализираната изложба со тема „Играј за човештвото – спорт и музика за сите“, од 15. мај до 15. август 2027 година.
Конкуренти на Белград беа: Минесота (САД), Пукет (Тајланд), Малага (Шпанија) и Сан Карлос де Барилоче (Аргентина).
ШТО Е ЕХРО 2027?
Ехро 2027 е специјализирана изложба од помал обем од многу попознатата Светска изложба. Не трае подолго од три месеци и не зафаќа површина поголема од 25 хектари.
Станува збор и за настани со специјализирана задача, односно тема. Специјализираниот експо секогаш се одржува во периодот помеѓу двете главни светски изложби, кои се организираат на секои пет години.
Набрзо се појавија првите 3Д визуелизации на идниот изложбен комплекс кој ќе се состои од цела низа саемски хали, павилјони, сместувачки и комерцијални објекти.
ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА 300 МИЛИЈАРДА ЕВРА
Просторот кој Град Белград го предвидел за оваа намена е комплексот околу идниот Национален стадион. Станува збор за земјиште во Сурчин. Комплексот ЕХРО 2027, кој вклучува изградба на Националниот стадион и придружните сместувачки, комерцијални објекти и изложбен простор, ќе се простира на околу 167 хектари, се наведува во Уредбата за утврдување на просторен план на подрачјето со посебна намена на Националниот фудбалски стадион во февруари годинава.
За изградба на самиот изложбен комплекс предвидени се 113 хектари – за изложбен простор 83,1 хектари, 6,9 хектари за сместувачки капацитети, додека придружните комерцијални содржини ќе зафаќаат 22,9 хектари.
Ова сочинува речиси 70 отсто од планираните 167 хектари, а остатокот се однесува на сообраќајни површини, водни, зелени и инфраструктурни површини.
При претставувањето на кандидатурата пред делегатите на Меѓународното биро за изложби (BIE) во Париз во април годинава, беше речено дека нето вредноста на инвестицијата неопходна за реализација на EXPO 2027 изнесува вкупно 300 милијарди евра.
Мастер планот и визуализацијата за комплексот ја креирало архитектонското биро од Шпанија, Fenwick Iribarren Architects.
Српската изложба би се карактеризирала со тоа што под саемските куполи ќе се изградат бројни павилјони, бидејќи ќе има стаклени ѕидови свртени кон шеталиште. На овој начин, халите би биле ставени во нова функција набрзо по изложбата, што е одлучено поради претходните искуства со слични настани, објасни Марко Стојичиќ, главен градски архитект на Белград, за време на 45. Салон за архитектура организиран од AСАП.
Најпредизвикувачката задача за архитектите ќе биде Националниот стадион и неговата околина.
КОИ ИЗЛОЖБИ ГО СОЧИНУВААТ ЕХРО?
Според правилата на BIE, постојат четири типа на изложби:
Светските изложби – се одржуваат на секои пет години, траат најмногу до шест месеци, а изложбената површина е неограничена. Официјално ги нарекуваат меѓународни регистрирани изложби.
Потоа, тука се Специјализираните изложби, кои се одржуваат еднаш во интервалот помеѓу две светски изложби и траат најмногу до три месеци.
Хортикултурни изложби исто така се одржуваат помеѓу две светски изложби, со растојание од најмалку две години. Траат најмногу шест месеци, а изложбениот простор е неограничен.
Четвртиот вид е Миланското триенале, изложба за уметност и дизајн што се одржува на секои три години во музејот Триенале во Милано.
Специјализираните изложби, како онаа што ќе се случи во Белград во 2027 година, официјално познати како Меѓународно признати изложби, се глобални настани осмислени да одговорат на предизвиците со кои се соочува човештвото.
Според статутот, изложбениот простор е целосно изграден од организаторите, а на учесниците им е обезбеден павилјонски простор што ќе можат да го приспособат, внатре и надвор, во согласност со сопствената интерпретација на ЕХРО темата.
ПАНЕЛ ЗА ЕХРО 2027 ВО БЕЛГРАД
Исто така, ви препорачуваме да го погледнете интервјуто со архитектот Марко Стојчиќ, главниот урбанист на градот Белград, кое го водеше архитектот Данило Дангубиќ.