Насловна / Вести / Евтина градба за 160 евра по квадратен метар

Евтина градба за 160 евра по квадратен метар

gradimo_srcem_1704

Инженерот Игор Царевиќ, во рамките на акцијата „Gradimo srcem“ на компанијата „Sip tehnolodži“, со својот тим изгради куќичка пред хала 3 на Белградскиот саем за помалку од еден ден. Цената на изградба на објектот во сива фаза е меѓу 160 и 190 евра по квадратен метар. Иста таква куќа од 40 квадрати ќе биде направена за едно семејство од Чачак, кое го изгубило својот дом во поплавите.

Царевиќ истакнува дека куќата направена од сип панели има одлични термоизолациони својства и статички карактеристики. Куќата не мора да има класичен темел, туку можат да се постават челични шипки.

Патентот постои од 193о година во Канада, а потоа почнал да се шири во Америка и Русија. Сип панелите се состојат од изолационен материјал – стиропор, кој може да биде со дебелина од 10, 15 или 20 сантиметри во сендвич помеѓу две ОЗБ плочи (пресувани делови од дрво). Според пресметките на експертите, градбата изнесува третина од трошоците за класична масивна градба.

Испрати коментар

Scroll To Top