Насловна / Вести / Европското „зелено опоравување“ цели кон енергетска реконструкција на згради, чиста енергија и водород

Европското „зелено опоравување“ цели кон енергетска реконструкција на згради, чиста енергија и водород

Климатските мерки на Европската комисија, насочени кон т.н „зелено опоравување“ после пандемијата и сузбивање на климатските промени, ќе биде финансиран од нововостановениот фонд на ЕУ за оваа намена. Комисијата секоја година ќе издвојува по 91 милијарда евра неповратни средства и заеми за обнови на згради, обновливи системи за греење и ладење и проекти за користење на чистиот водород како гориво. Според предлогот на Комисијата, во следните две години ЕУ ќе стави на располагање 15GW инсталиран капацитет во обновливи извори, за што с еочекуваат вложувања од 25 милијарди евра. Фондот вреден 10 милијарди евра, со кој управува Европската Инвестициска Банка (ЕИБ), исто така ќе нуди заеми за проекти од ваков вид. Водородот се смета за клучен во постигнувањето на европската цел з адекарбонизација на економијата на ЕУ до 2050 година, со замена на фосилните горива во индустриските процеси.

Комисијата планира и да го зајакне „чистиот сообраќај“ со 20 милијарди евра вреден план за заеми и гаранции за поттокнување на продажбата на „чисти“ возила во следните две години. Greenpeace соопшти дека секое јавно финансирање на производителите на автомобили би требало да ги обврзе компаниите да завршат со продажба на бензински и дизел автомобили до 2028 година. Еу, исто така има намера до 2025 година да изгради два милиона станици за полнење на „чисти“ возила.

ec3

ec2

Испрати коментар

Scroll To Top