Француската нафтена и гасна компанија Total во првиот квартал од 2014 година, забележала пад на нето добивката за 10%, што се должи, меѓу другото, на падот на рафинериската маржа во Европа, и на падот на производството на нафта и гас. Пад на производството е забележан во Либија и Нигерија поради политичката нестабилност во овие земји, додека во ОАЕ државата ја презела контролата над полињата за експлоатација, со кои претходно со децении управуваа европски компании.
Во исто време, најголемата европска нафтена и гасна компанија Royal Dutch Shell во првиот квартал од 2014-та, има скоро преполовена добивка во однос на истиот период лани, јавува британскиот портал ‘Silobreaker’.