Огромните американски pick-up возила, се посебно смртоносни на европските улици. Тие и повеќе загадуваат од обичните автомобили. а се увезуваат благодарени на „дупката“ во правилата на ЕУ, предупредуваат актвистите во заедничкото писмо до петмина повереници на ЕУ. Бројот на увезени теренски возила одобрени за улиците низ ЕУ, преку процедурата наменета за „нестандардни“ возила нагло пораснал, од 2900 во 209 година, на 6800 во 2022 година. Едно од тие возила, огромниот pick-up Dodge Ram, кој е долг речиси шест метри и има маса поголема од 2.600 kg, сочинува околу 60% од овие бројки. Овој „тешкаш“ го произведува Dodge, во склоп на групацијата Stellantis. „ЕУ треба да го затвори регулаторниот drive-thru, кој би го запрел увозот на големиот број големи американски камионети, кои се ризични и опасни, рекла Ceri Woolsgrove, виша службеничка за политика на Еврпската велосипедска асоцијација. Огромните американски возила посебно се опасни на европските улици за пешаците и велосипедистите, предупредуваат активистите.
Претходно оваа година, белгискиот институт за безбедност на улиците VIAS, заклучил дека и покрај помалата веројатност возачите на камионетите да бидат повредени во судар, другите учесници во евентуалната незгода се во многу повисок ризик од сериозни и смртоносни повреди. Правилата за хомологација во ЕУ ја одредуваат постапката за утврдување дали возилото ги задоволува безбедносните и еколошките стандарди, но трговците со возила кои не минале низ хомологација за продажба на ЕУ пазарот, ги заобиколуваат законите на тој начин што увезуваат низ постапка за одобрување за поединечно возило. Затоа, Европската комисија подготвува ажурирање на законската регулатива, што би го оневозможило увозот на американските „тешкаши“. Меѓу безбедносните барања на Унијата за возила со одобрение по ЕУ стандарди кои би важеле и при увозот на поединечните возила се: втоматско кочење во итен случај, системи за снимање на податоци за настаните, и сл. Поединечното одобрување на возилата, исто така овозможува избегнување на климатските закони на ЕУ.