Насловна / Вести / Европскиот парламент станува јаглеродно неутрален

Европскиот парламент станува јаглеродно неутрален

Evropski parlament vnatre

Во пресрет на самитот  COP21 во Париз, Европскиот парламент донесе одлука од 2016 година ревносно да ги неутрализира емисиите на јаглерод диоксид и така да стане првата институција на Европската Унија која ќе биде 100% јаглеродно неутрална. Во исто време, во склад со својата политика за заштита на животната средина, Парламентот со својата работа продолжува да делува на намалување на емисиите на јаглерод диоксид и подобрување на енергетската ефикасност, како и рационализација во користењето на водата и хартијата.

„Со овој чекор кон 100% јаглеродна неутралност, Европскиот парламент ќе ја одигра својата улога во ограничувањето на влијанието на климатските промени. Европската Унија мора посериозно да ги подигне своите амбиции ако сака да одигра позитивна улога со цел успех на конференцијата COP21“, вели потпредседателот на Европскиот парламент

 

Испрати коментар

Scroll To Top