Насловна / Вести / Европски суд за човекови права: Заштитата од климатските промени е човеково право

Европски суд за човекови права: Заштитата од климатските промени е човеково право

Здружението на „Повозрасни жени на Швајцарија за заштита на климата“ (KlimaSeniorinnen Schveiz), кое го сочинуваат повеќе од 2500 жени постари од 64 години, преземало акција против својата влада поради кршење на човековите права, поточно непоставувањето на доволно добри климатски цели. По губењето на споровите пред швајцарските судови, тие сега остварија историска победа на Европскиот суд за човекови права (ECHR).

1_101

Ова е прв пат трансбнационалнен суд специјализиран за човекови права, директно да го поддрши човековото право на заштита од климатските промени, соопштила споменатата организација од Швајцарија. Европските невладини организации оценуваат дека пресудата би можела да биде преседан за климатските правни случаи базирани на аргументите за човековите права. Судот со својата одлука потврдува дека се почестите и поинтензивните топлински бранови предизвикани од климатските промени претставуваат реална и сериозна закана по здравјето и приватниот и семејниот живот на постарите жени. Во пресудата, ECHR поставува посебни барања кои Швајцарија мора да ги исполни со цел да ги санира пропустите во заштитата од климатските промени.

1_102

 

Испрати коментар

Scroll To Top