Познатата холивудска актерка Кејти Холмс го оставила животот во Њујорк, и се враќа во Калифорнија. Кејти Холмс за речиси четири милиони долари купила вила во предградието на Лос Анџелес, која има површина од 700 м2, шест спални соби и шест бањи.
Се работи за вила од европски стил, со современ дизајн, на многу простран посед.
Новиот дом на Кејти Холмс се состои од главна резиденција која зрачи со гламур и посебна помала вила за гости. Нејзината главна вила има најфини завршни детали, кујна со гурмански централен дел и професионални апарати, темно дрвени подови од врвен квалитет и акценти од неколку видови на камен и мермер.
Отворениот план простор претставува неколку одделни дворови за забави, од кои еден е во близина на формалната дневна соба и трпезарија. Големото фоаје е истакнато со отворена библиотека, а новата спална соба има голем простор за седење и сончање.
Во екстериерот има голем базен, неколку простори за седење, пространи тревни делови, летна кујна и спортски терен.