Насловна / Вести / Европски престолнини на културата за 2023 година

Европски престолнини на културата за 2023 година

Порталот Timeout ги презентира знаменитостите на европските престолнини на културата за оваа година. Станува збор за градовите: Веспрем во Унгарија, Темишвар во Романија и Елефсина во Грција. Европските престолнини на културата, се бираат од страна на Европската комисија, и тоа неколку години однапред. Во текот на годината избраниот град има програма на настани осмислени со цел да го истакне своето културно богатство и разновидност. Минатогодишни престолнини на културата беа: Каунас во Литванија, Еш Сир Азлете во Луксембург и Нови Сад во Србија.

ecc1

Веспрем е еден од најстарите градови во Романија, кој се наоѓа југозападно од Будимпешта и сместен е на северниот брег од езерото Балатон. Настаните оваа година вклучуваат од концерти на народна музика и танци и отворање на нова Куќа на уметноста, до еколошки фестивал фокусиран на заштита на езерото.
ecc2

Темишвар долго бил едно од најфрекфентните средишта на Романија. Програмата во склоп на одбележувањето на титулата „европска престолнина“, опфаќа просечно 30 настани неделно и нуди од фестивали на панк и електронска музика, до работилници за одржливо живеење.

ecc3

Елефсина е познат по спомениците од античка Грција, но и по развиената индустрија. Се наоѓа во близина на Атина. Оваа година ќе биде домаќин на 465 продукции, меѓу кои локални изложби на фотографии и театарски престави.

ecc4

 

Испрати коментар

Scroll To Top