Во заедничките напори да и помогнат на Молдавија да оствари поголема енергетска сигурност, Европската Унија, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската инвестициска банка (ЕИБ) одлучија финансиски да помогнат еден таков проект. Се работи за одобрување на вкупно 92 милиони евра вреден финансиски пакет за изградба на нов гасовод од Романија до Молдавија, јавува романскиот дневник ‘Ziarul Financiar’.