Американскиот портал Renewable Energy World.com, известува дека Европската Инвестициска банка (ЕИБ) и компанијата Terna (оператор на италијанскиот електропреносен систем), потпишале договор за кредит од 130 милиони евра за изградба на новата италијанско – француска интерконекција. Се работи за проектот со кој е предвидена изградба на нова интерконекција на напонско ниво од 320kV.
Планирано е линијата да биде пуштена во работа во 2019 година, и ќе биде четврта по ред интерконекција на францускиот и италијанскиот електроенергетски систем. Ќе има должина од 190km и ќе ги спојува Piossasco во Италија и Grande-Île во Франција, а со расположивиот капацитет за пренос од 1200MW, ќе го зголеми постоечкиот преносен капацитет меѓу двете земји за 40%. Споменатиот кредит е одобрен на 22 години со фиксна каматна стапка од 1,64%.