Американскиот хидроенергетски портал HydroWorld.com’, известува дека Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со 37 милиони евра ќе ги кофинансира проектите за ревитализација на хидроенергетскиот комплекс Белмекен – Сестримо – Чаира и ХЕ Вача 1 во Бугарија.
Поточно, бугарската електроенергетска компанија НЕК, ќе ги искористи средствата од „Меѓународниот фонд за поддршка на целосната декомисија на Козлодуј“ со кој управува ЕБОР. Во склад со тоа, од овој фонд ќе се покрие 70%, а НЕК од сопствени средства ќе покрие 30% од вкупната инвестиција, што опфаќа проектирање, производство, испорака, монтажа, надзор, испитување и пуштање во погон.
Се работи за вкупно пет хидроцентрали со следните вредности за инсталирана моќност : РХЕ Чаир 864 MW, ХЕ Белмекен 75 MW, ХЕ Сестримо 240 MW, ХЕ Момина Клисура 120 MW и ХЕ Вача1 14 MW.