Многу европски градови се совршени локации за пешачење и разгледување знаменитости, но некои места се малку… па, пострми. Да, би можеле да помислите дека вашиот одмор одеднаш личи на интензивен тренинг по еден ден разгледување на знаменитостите во Хамбург или Осло, кои неодамна беа прогласени за едни од градовите во Европа каде најмалку може да се пешачи.
Меѓутоа, за најлошиот се вели дека е толку ридест што туристите тврдат дека добиваат болки во мускулите од одење по угорнина, пренесува Метро. Станува збор за Лисабон.Овој град на брег сигурно ќе ги задржи туристите активни, со многу стрмни ридови и падини за искачување и спуштање – на крајот на краиштата, тој не е џабе познат како „Град на седум ридови“.
Градот всушност има седум значајни ридови: São Jorge, São Vicente, São Roque, Santo André, Santa Catarina, Chagas и Sant’Ana.
Можеби поради ова е прогласен за најлошиот град во Европа за пешачење од страна на Prepely, онлајн платформа за учење јазици. Тие го истражувале пешачкото растојание помеѓу првите пет туристички атракции во Лисабон и откриле дека за одење помеѓу Океанариумот, манастирот Јеронимос, историските падини на регионот Алфама, плоштадот Praca do Comercio и енергичната улична уметност на Praca do Comercio потребни се најмалку 31.500 чекори, што е еквивалентно на 15. ридски милји.
И не се единствените кои мислат дека шетањето низ градот е прилично напорна задача. На социјалните мрежи голем број луѓе кои го посетиле Лисабон исто така потврдиле дека еима многу ридови и е напорен за шетање.
Градови најмалку погодни за пешачење:
Лисабон
Загреб
Хамбург
Минхен
Осло
Список на градови кои се најпогодни за пешачење во Европа според Prepely:
Севиља
Венеција
Порто
Фиренца
Атина