Во вторник 24 мај 2016, ќе биде одбележан Европскиот ден на парковите. Европскиот ден на парковите се одбележува со цел промоција на заштитените делови на природата ширум Европа, подигање на свеста кај луѓето за животната средина и важноста на зачувувањето на природата во урбаните средини. Овој еколошки датум во Европа се одбележува од 1999 година. Датумот е избран како потсетник на прогласувањето на првите европски национални паркови, односно вкупно девет национални паркови во Шведска на 24 мај 1999 година.