Гледачите ширум светот за прв пат можат да гледаат што се случува на Марс во речиси реално време, бидејќи Европската вселенска агенција (ESA) овозможи слика во живо од Црвената планета на YouTube. Сликите од Марс, кои се гледааат на YouTube, на каналот на ESA и на Twitter под #MarsLIVE, ја прикажуваат Црвената планета на начин кој досега не е виден.
Со ова се прославува 20 годишнината од лансирањето на Express Orbiter на Марс – мисијата која има за цел да направи детални тродимензионални слики на површината на оваа планета. „Обично, досега гледавме слики од Марс и знаевме дека тие се сликани неколку дена порано. Но, сега ќе го гледаме Марс каков што е речиси во моментот”, рекол менаџерот за вселенски операции на ESA во контролниот центар во германски Дармштат. Зависно од позициите на Марс и Земјата, сликите од Марс можат да стигнат за време од 7 до 22 минути.