Насловна / Вести / Европската унија сеуште е зависна од руското нуклеарно гориво

Европската унија сеуште е зависна од руското нуклеарно гориво

Една година по почетокот на војната во Украина, Европа се обидува да се ослободи од зависноста од рускиот гас, јаглен и нафта, но кога станува збор за нуклеарната енергетика ситуацијата е поинаква. Според податоците на Меѓународната агенција за енергија, економските санкции на ЕУ за руските фосилни горива сериозно ја промениле трговијата на Москва и ја влошиле нејзината положба на глобалната енергетска мапа. Увозот на руски јаглен во Европа е паднат на нула, а увозот на руска нафта преку море е прогласен за нелегален.

nuclearfuel1

Од друга страна, според наводите на Агенцијата за снабдување на ЕУ со нуклеарни материјали, во 2022 година, рускиот државен атомски гигант „Росатом“, испораќал за европските реактори 20% од ураниумот, а овозможил и услуги за конверзија и збогатување на ураниумот. Минатата година цената на увозот на нуклеарна технологија и горива од Русија надминала една милијарда евра. Во Бугарија и Чепка се забележува намалување на увозот на руско нуклеарно гориво, но има раст на увозот во Словачка, Унгарија и Финска.

nuclearfuel2

Иако испораките на ураниум од Русија можат да бидат заменети со увоз од други земји, европските електрани со нуклеарни реактори во одредени земји се од руско производство, и тие работат само на гориво кое се произведува во Русија. Според податоците на експертите, денес во ЕУ работат 18 такви нуклеарни електрани. Минатата година Финска се откажа од проектот за изградба на нуклеарна електрана со руска технологија, поради што „Росатом“ поднесе судска тужба. На почетокот на овој месец во работа е вклучен новиот словачки реактор „Моховце 3“, кој е изграден според руски проект, и има обврска да се снабдува со руско гориво најрано до 2026 година. Во исто време, Унгарија ги обнови врските со Русија, одобрувајќи изградба на уште два реактори во својата атомска централа во „Пакш“.

 

Испрати коментар

Scroll To Top