Насловна / Вести / Европската Унија ја прифати француската шема за развој на обновливите извори на енергија

Европската Унија ја прифати француската шема за развој на обновливите извори на енергија

Francuska sema za obnovlivi izvori

Минатата недела, ЕУ го прифати францускиот план за развој на околу 17 GW нова инсталирана моќност во обновливи извори односно во ветерници, биогас и фотоволтаици. Само ветерните централи ќе бараат инвестиција од една милијарда евра за 15 GW инсталирана моќност. Се работи за збир од повеќе мали проекти, при што ќе бидат обебедени субвенции, но секоја од централите не треба да надмине бројка од 6 турбини со моќност од 3 MW.

Francuska sema za obnovlivi izvori1

Шемата за субвенционирање на фотоволтаиците подразбира мали моќности од 100 kW на покривите. Третиот сегмент се однесува на електрани на биогас од канализациска тиња, а се работи за вкупно 160 MW моќност, главно од постројки со моќност до 1 MW. Повластените тарифи за овие проекти ќе важат во период од 20 години.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top