Насловна / Вести / Европската унија ја менува политиката кон нуклеарните електрани

Европската унија ја менува политиката кон нуклеарните електрани

Нуклеарните електрични централи се втор најголем извор на електрична енергија во Европската унија, веднаш после електраните на фосилни горива, со дури 26% удел во произведената енергија. Во моментот, во ЕУ има 106 активни нуклеарни реактори кои вкупно произведуваат 765.337 GWh, од кои повеќе од половината се произведува во Франција. Сепак, новите податоци на Eurostat покажуваат дека од 2006 година производството на електрична енергија во нуклеарните реактори забележало пад за 16,3%. Една од главните причини е трајното гасење на осум нуклеарни реактори во Германија во 2011 година, а се планира до 2022 година оваа земја да ги затвори и останатите 9 нуклеарни електрани. Така, ЕУ во следната година ќе остане и без 75.071 GWh електрична енергија произведена во овие електрани. Од друга страна, во Италија веќе се затворени сите нуклеарни електрани. Покрај Германија, Белгија, Шпанија и Швајцарија постепено ги гасат своите нуклеарни реактори, со краен рок до 2030 година. Многу европски земји воопшто немаат нуклеарки, но и отворено се противат на овој вид на производство на електрична енергија.

NPP1

NPP2

Познато е дека нуклеарките користат ураниум, исклучително опасен метал, како гориво за нуклеарна фисија (раздвојување на атомското јадро). Ураниумот е релативно чест метал ширум светот, но ураниумот U-235 кој се користи во нуклеарните електрани е значително поредок, а неопходно е и дополнително да се обработи пред употребата во електраните. Резервите на U-235  распоредени се на сите континети, во различни земји, но Русија е на чело со удел од 19,8% од вкупниот ураниум. Следува Казахстан со 19,6%, Нигер со 15,3 %, додека останатите држави богати со ураниум се Австралија, Канада и Намибија. Со оглед дека го има во ограничени количини, тој спаѓа во необновливи извори на енергија, а бидејќи целта ан ЕУ е климатска неутралност до 2050 година, јасно е дека акцентот се става повеќе на обновливите извори на енергија.

Голем проблем е одлагањето на нуклеарниот отпад кој главно се складишти во привремени постројки и не постои трајно решение за негово безбедно одлагање. Постои и загриженост за можна злоупотреба на нуклеарните технологии за нуклеарно оружје, како и опасност од можни терористички напади на нуклеарните постројки. Историјата исто така покажа дека несреќи во нуклеарните постројки се и тоа како можни, а последиците можат да бидат катастрофални.

NPP3

 

Испрати коментар

Scroll To Top